Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА ДОЛГ КОНФЛИКТ СО АМЕРИКА“: Ким Јонг Ун во кожна јакна надгледуваше тестирање проектили

„СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА ДОЛГ КОНФЛИКТ СО АМЕРИКА“: Ким Јонг Ун во кожна јакна надгледуваше тестирање проектили

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на тестирање на ракета од втор дострел, која наводно летала 71 минута и достигнала височина од 6.000 километри.

Прокетилот, како што јавуваат светските агенции, наводно паднал 1.100 километри во морето во делот меѓу Северна Кореја и Јапонија.

На фотографиите кои ги објави севернокорејската агенција се гледа насмеан Ким Џонг Ун во кожна јакна, кој според државната телевизија директно го водел овој тест.

„Нашата земја ќе продолжи да развива одвраќање од нуклеарна војна додека се подготвува за долготраен конфликт со Соединетите држави“, се вели во извештајот.

Ова е најголемиот ракетен тест од 2017 година и претставува голем чекор напред за Северна Кореја и нејзиното оружје.

ФОТО: YouTube Screenshot

Слично

Поврзани вести