Се подготвува средба на Трамп и Путин
САД се во процес на рана подготовка за можна средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, пишува американски Волстрит журнал.
Висок американски претставник во петокот рекол дека американскиот амбасадор во Русија Џон Хантсман е во Вашингтон за да помогне во организирањето на таков состанок.
На средбата се очекува да се дискутира за Сирија, Украина и контролата на нуклеарното оружје. Целта на евентуалната средба е да се надминат долгогодишните разлики а тоа би била третата средба меѓу двајцата лидери по средбите во коридорите на конференцијата на Г-20 во Германија и за време на средбата на Организацијата за азиско-пацифичко партнерство во Виетнам, и двете во 2017 година.
Слично
