Се подготвува ли наскоро средба помеѓу Путин и Обама
Кремљ се подготвува за средбата помеѓу Владимир Путин и Барак Обама. Вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочил дека двајцата може да се сретнат во Њујорк, кога Путин ќе пристигне таму за Генералното собрание на ОН. Ако се случи, тоа ќе биде прв целосен контакт меѓу претседателите на Русија и на САД по Крим, пишува „РБК дејли“.
Евентуалната средба ќе биде симболична, сметаат експертите на весникот. „Во спротивно би научиле за подготовка однапред, за Њујорк требаше да се стегаат министерски делегации“, посочува политикологот Андреј Кортунов.
Тој гледа во зборовите на Лавров за можна претседателска средба и „јавна понуда“, која издава дека имало сепак било какви претходни консултации со Вашингтон и реакцијата била позитивна.
Но ако средба не се одржи, тоа ќе биде сигнал не само за Русија, туку и за американскиот претседател, и за целиот свет: Администрацијата на Обама не смета дека може да има дијалог со Владимир Путин. Тогаш може да очекуваме од Кремљ и зајакнување на антиамериканска реторика, и последици за американските организации активни во Русија, додава експертот.
Според „Аргументи недели“ Москва веќе почнала подготовка за средба помеѓу Путин и Обама.
„Ведомости“ сепак пишува дека САД не ја коментира таквата можност, а „Росијскаја газета“ тврди дека претседателска средба во најскоро време нема да има, повикувајќи се на Белата куќа.
Засега нема планови за лична средба во догледна иднина помеѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама. Таква манифестација во моментов не се подготвува и уште нема што да објавуваме, изјавил портпарол на американската администрација цитиран во московските медиуми во одговор на прашање на „ТАСС“.
Претходно рускиот сајт „РосБизнесКонсалтинг“ добил од федерален службеник потврда дека се подготвува таква средба. А извор од американските дипломатски кругови допушти дека организирањето било дискутирано на преговорите на Путин со државниот секретар на САД, Џон Кери во мај, пишува електронскиот весник „Ридус“.
Друг дипломат од САД сепак е скептичен - тој изјавил за „РосБизнесКонсалтинг“ дека „гледа многу мала веројатност“ за средба помеѓу претседателите, дополнува „Ридус“.
