Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПЛАШАТ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Русите патуваат со приватни авиони, но не се единствени

СЕ ПЛАШАТ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Русите патуваат со приватни авиони, но не се единствени

Исплашени од коронавирусот, богатите Руси патуваат со приватни авиони. 

Во март се евидентирани 250 приватни летови на релацијата Москва – Европа.

Приватните летови чинат од 16.000 до  25.000 евра, а Русите патуваат на Кипар или во Велика Британија каде имаат имоти. 

Но, на Русите не се единствените кои се решиле на ваков чекор. 

И Кинезите летаат со приватни авиони од Соединетите Американски Држави, а Американците  патуваат на ист начин во елитните домашни одморалишта.

Во Русија 101 лекар починал од коронавирус, но се верува дека оваа бројка е многу поголема. 

Русија се наоѓа на третото место во светот, по бројот на заразени, односно таа е позиционирана зад САД и Бразил, со повеќе од 360.000 случаи. Досега во земјата има 3.807 смртни случаи.

Слично

Поврзани вести