Терористичката група „Исламска држава“ планира да изврши напади меѓу навивачите на репрезентациите на Русија и Англија на Европското првенство во фудбал.
Натпреварот меѓу двата тима треба да се одигра во Марсеј. Нападот на навивачите бил планиран за 11 јуни. Изворот на информацијата се податоци откриени во лаптопот на раководителот на терористичките напади во Париз и Брисел – Салах Абдеслам. Во нападите планирале да користат терористи-самоубијци, калашникови, беспилотни летала и хемиско оружје.
Раководителите на органите за безбедност во Велика Британија се плашат од напад врз приврзаници на Англија, кои сакаат да се собираат на пијалок или пиво надвор во официјалните фан зони.
Во лаптопот на Салах Абдеслам биле откриени слики на старото пристаниште во Марсеј. Токму таму се очекува да има купишта на приврзаници од Англија, при тоа во текот на две недели за време на средбите од групната фаза. Затоа не се исклучува можноста нападите да се насочени кон кафулиња и ресторани.Во официјалните фан зони фановите без билети за средбите ќе се собираат за да ги гледаат натпреварите на големи екрани.
