Се пензионирал на роденденот и истиот ден добил 1,5 милиони долари
Канаѓанецот Пинг Куен Шам освоил џекпот на лотарија истиот ден на пензионирањето, кое се поклопило со неговиот роденден.
Пинг Куен Шам купил лото тикет на 28 април , расположен пред претстојната роденденеска забава, што воедно му бил и последен ден на работа.
Таа ноќ Корпорацијата на лотарија на Британска Колумбија потврдила дека тој добил два милиони канадски долари (1,5 милиони американски долари).
Пинг, кој оваа вест ја прославил на ручек со семејството и пријателите, сега планира да патува во Кина, пишува БиБиСи.
„Просто е неверојатно сите три настани да се одиграат на ист ден. Напорно сум работел многу години и се радувам што ова богатство ќе го споделам со семејството“, рекол Пинг.
Пинг ги погодил сите шест броеви - 9, 12, 13, 18, 21 i 29 и со тоа освоил цел џекпот.
Корпорацијата на лотарија на Британска Колумбија пресметала дека можноста на погодок на сите шест броеви е еднаква на односот еден спрема 13.983.816.
