Се отвора првиот KitKat бутик во светот
Еден од најуспешните брендови, швајцарскиот кондиторски произведувач Нестле - "KitKat", ќе го отвори во Јапонија својот прв бутик - продавница за чоколади. Продавницата ќе нуди ексклузивни видови од овие слатки.
Во понудата ќе бидат три посебни видови чоколатца - префинето горчливо "sublime bitter", со зелен чај "special sakura green" и посебно издание на чили чоколатца "special ćilli".
"KitKat" е блиску до тоа во Јапонија да стане култен бренд и затоа оваа земја за Нестле е особено важен пазар, изјави Стјуарт Драјбур, глобален бренд менаџер, додавајќи дека во тој бутик ќе се продаваат нови "KitKat" премиум производи.
Секоја секунда во светот се изедуваат 650 "KitKat" штангли, а во Јапонија од 2012 година „KitKat" е омилена чоколада.
Успехот на оваа чоколада дополнително е поттикнат со претставување на стотина необични и иновативни вкусови, како би се задоволиле потребите на јапонските потрошувачи кои сакаат да експериментираат, објаснуваат во компанијата.
Љубителите на "KitKat" чоколадите во Јапонија можеа да бираат од мноштвото вкусови, како што се виолетов компир, колачи со цимет, европско сирење и васаби сос. Светлозелените, розеви и виолетови чоколадни штангли изгледаат поинаку, но и се поинакви по вкус од било кое друго место во светот, истакнува Драјбур.
А.А.
Слично
