Се откажуваат туристичките аранжмани за Египет
Поради ескалацијата на немирите во Египет, најголемата европска туристичка компанија ТУИ ги откажа сите аранжмани. Како што соопштија од агенцијата станува збор за откажување на аранжманитеза летување на германски туристи до крајот на септември.
Втората најголема компанија, британската „Томас Кук“ исто така реши да ја заштити безбедноста на парниците откако владата на Германија побара од своите државјани да не патуваат или да летуваат во оваа арапска земја. Британската влада побара од околу 40 илјади Британци, кои сега се на летување во египетските одморалишта Шарм ел Шеик,Таба и Хургада, да останат до крајот на својот одмор, но да не ги напуштаат хотелите и хотелските комплекси. Ваквиот апеле дојде по убиството што се случи во Хургада, на брегот на Црвеното мре, пред два дена.
ТУИ, компанијата која во Велика Британија работи како „Томсон“ и „Томас Кук“ советува дека сите што сега летуваат во Египат ќе може да останат до крајот на својот аранжман, но безбедноста на туристите им е примарна задача. „Томас Кук“ ги откажа сите патувања низ Египет, па веќе не носи туристи во Каиро, делтата на Нил и Александрија, во Луксор и Асуан, како и на планината Мојсеј и во манастирот Света Катерина, на Синајскиот Полуостров.
И руската владата побара од туристичките агенции да прекинат со продажба на аранжмани за одмор во Египет каде сега летуваатоколу 50 илјади руски туристи. Франција и Италија, исто така, ги предупредија своите туристи да бидат максимално внимателни.
Повеќето западните земји ги повикуваат сите страни во Египет на крајна воздржаност од насилства и зачувување на мирот во земјата.
Слично
