Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОТКАЖАА ОД ШТРАЈК, Синдикатот на вработените „Зара“ постигна договор за покачување на платите

СЕ ОТКАЖАА ОД ШТРАЈК, Синдикатот на вработените „Зара“ постигна договор за покачување на платите

Синдикатот што ги застапува вработените во продавниците на шпанскиот моден бренд „Зара“ се откажа од планираните штрајкови во седиштето на матичната компанија, откако постигна договор за зголемување на платите за 25 отсто, изјави шефот на синдикатот.

Околу 1.000 работници во продавниците на Зара и продавниците на други модни брендови во сопственост на нејзиниот сопственик „Индитекс“ најавија штрајк за 23 декември и 7 јануари следната година, барајќи поголемо зголемување на платите откако ја отфрлија последната понуда на компанијата.

Работниците во продавниците на Индитекс во северна Шпанија каде што модниот гигант има седиште на периферијата на градот, веќе штрајкуваа за време на бранот продажби на црниот петок од 24 до 25 ноември.

– „Индитекс“ се согласи да плаќа 322 евра повеќе месечно на продавачите кои работат во нејзините 44 продавници – изјави Кармина Навеиро, шеф на синдикатот CIG и продавачка во продавниците на Зара.

Работниците ќе добијат и еднократен бонус од 1.000 евра, кој ќе им биде исплатен во февруари. Договорот вклучува и идни зголемувања на платите за 20 евра во ноември 2023 година и 40 евра во 2024 година, додаде таа.

Месечните плати на продавачите во „Зара“ во овој град моментално се движат меѓу 1.058 и 1.400 евра, рече првиот човек на синдикатот.

„Индитекс“ не одговори веднаш на прашањето на „Ројтерс“ за коментар.

Синдикатот CIG не се откажа од барањето за поголемо зголемување на платите откако ја одби претходната понуда на компанијата за зголемување на месечните плати за 200 евра до 2024 година.

Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Слично

Поврзани вести