СЕ ОСНОВА ИСЛАМСКИ ЕМИРАТ: Ќе бидат уште поголема закана од Исламска држава
Ал Каеда цело време јакнее и собира сила, во позадина на меѓународната камања која во Сирија се води против Исламска држава, предупредува Чарлс Листер, аналитичар за Блискиот исток.
„После пет години, Ал Каеда е спремна да основа нов „Исламски емират“, тврди Листер.
Според неговите зборови, Ал Нусра, која е огранок на Ал Каеда во Сирија, ја придобила локалната поддршка и го зајакнува влијанието на своја територија. И се подобро и оди, бидејќи нема договор за примирје во Сирија, во кое Ал Нусра не е вклучена. Тоа е веќе долгорочна стратегија на џихадистите на Ал Каеда во Јемен и Мали.
„Ни се допаѓало тоа или не, САД и нејзините сојузници водат жестока борба за влијание со најсилните сојузници на Ал Каеда. Последиците од игнорирањето или губење на таа војна би биле катастрофални. Единствен начин ефикасно да се намалат амбициите на Ал Нусра е повторно засилување на умерената сириска опозиција-цивилно, воено, политички и по тоа Западот мора да се сврти“, смета Лестер.Младите Сиријци кои сакаат да му се одмаздат на режимот на Башар ал Асад , се повеќе се вртат кон Ал Нусра Фронтот бидејќи им дава големи плати, и неколку пати поголеми од оние на Слободната Сириска војска, а со тоа се бори и против Асад. Американскиот Институт за студии за војната предупреди неодамна дека сојузниците на Ал Каеда имаат многу софистицирана стратегија-пуштиле целото внимание на Западот да биде насочено кон ИСИЛ, а за тоа време тие работат на инфраструктура и поддршка на сите нови локални власти и во верски структури.
Аналитичарката Џенифер Кафарела објави како Ал Нусра има 3000 до 5000 милитанти во своите редови и 19 кампови за обука. Предупреди како таа група станала многу поопасна од ИСИЛ поради поддршката која и ја дава на сириската опозиција на локални нивоа, а која подоцна би можела да ја преобрати во своја корист. Ал Нусра веќе се инфилтрирала во власта во одредени делови на Сирија во кои се на сила верските закони.
„За тоа време низ војската и верски кампови за обука на деца создаваат нова генерација борци кои ќе тргнат во војна против Западот. Мораме да го тргнеме фокусот од ИСИЛ бидјеќи Ал Нусра е многу поголема закана, оценила Кафарела.
Слично
