Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се опоравува американскиот пазар на труд, во февруари отворени нови 198.000 работни места

Се опоравува американскиот пазар на труд, во февруари отворени нови 198.000 работни места
Приватниот сектор во САД отвори 198.000 нови работни места во февруари, што е многу повеќе споредено со прогнозите на аналитичарите. Зголемувањето ан бројот на работни места е индикатор дека ситуацијата на пазарот на труд во Америка продолжува да се подобрува. Прелиминарните очекувања на економистите беа дека приватните компании ќе отворат 170.000 нови места минатиот месец. Податоците излегуваат два дена пред Министерството за труд на САД да објави своите податоци за вработувања во градските средини во Америка. Очекувањата се дека американската економија создала вкупно 152.000 нови работни места во февруари. Иако податоците на аналитичарите и на Министерството за труд не секогаш се совпаѓаат, поголемиот број на нови работни места од очекуваното може да ги натера економистите да ги зголемат очекувањата и за во петок, ренесуваат американските медиуми. Малите компании имаат отворено најмногу нови работни места во февруари или 77.000, додека големите корпорации отвориле 57.000 нови работни места. Најголем број на нови работни места има во секторот на услугите или 164.000, или 83% од вкупниот број
Слично

Поврзани вести