Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се олеснува увозот на сириска нафта во Европа

Се олеснува увозот на сириска нафта во Европа

Како што беше најавено, министрите за надворешни работи на ЕУ од денеска го олеснија ембаргото за увоз на сириска нафта. Ова е направено со цел да им се помогне на бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Сега европските компании што сакаат да увезуваат нафта од Сирија или да инвестират во енергетскиот сектор, ќе бараат овластувања од своите влади кои ќе се консултираат со сирискиот опозициски Национален совет.

„Со цел да се помогне на сириското цивилно население, земјите-членки може да дозволат купување, увоз или транспорт на нафта и нафтени деривати од Сирија, но само по консултација со сириската опозиција“, стои во соопштението на ЕУ.

Слично

Поврзани вести