Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ЗАЛУЖНИ: Еве како реагираше на одлуката да биде сменет

СЕ ОГЛАСИ ЗАЛУЖНИ: Еве како реагираше на одлуката да биде сменет

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го разреши главниот командант на ВСУ Валериј Залужни, а Залужни на Телеграм напиша дека имал „важен и сериозен разговор“ со Зеленски и дека е донесена одлука за промена на тактиката и стратегијата на бојното поле.

- Задачите од 2022 година се различни од задачите за 2024 година. Затоа, секој мора да се менува и да се прилагоди на новите реалности. Да победиме заедно – порача Залужни.

– Денеска беше донесена одлука во врска со потребата од промена на раководството на вооружените сили на Украина. Искрено сум му благодарен на Валери Федорович за сите негови успеси и победи - напиша министерот за одбрана Рустем Умеров на Фејсбук.

Актуелниот претседател на Украина Володимир Зеленски на социјалната мрежа „Х“ му се заблагодари на сега веќе поранешниот командант Валериј Залужни.

- Се сретнав со генералот Валери Залужни. Му се заблагодарив за две години бранење на Украина. Разговаравме за обновување на вооружените сили на Украина, што е неопходно - изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека разговарале кој би можел да биде дел од новото раководство на украинската армија.

- Сега е време за тоа обновување. Му предложив на генералот Залужни да остане дел од тимот - изјави Зеленски.


Слично

Поврзани вести