Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стефан Спирковски: Се задржав на две гранки и чекав така четири саати

Стефан Спирковски: Се задржав на две гранки и чекав така четири саати

Митровден е мојот нов роденден. Фала ви на сите што се грижите - напиша меѓудругото Стефан Спирковски - модел, фитнес инструктор и инфлуенсер кој на овој начин откри дека е еден од учесниците во несреќата на локален пат кон село Горно Количани. 

За потсетување МВР објавија дека дошло до страшната несреќата на локалниот пат од место викано „Мала Река“ кон с. Горно Количани, скопско на осми ноември, при што 17-годишна малолетничка и 29. годишник со четирицикл излетале од патот, паднале во провалија, и со тешки повреди биле пренесени во болница

Спирковски објави видео од болницата, заблагодарувајќи им се на Брза помош, противпожарната екипа и вработените на Ургентен центар и раскажа детали за страшната несреќа која им се случила.

- Вчера бевме до Брегово поле со три квада и на враќање сакаше да вози другарката на сестра ми, а јас бев совозач и излетавме од кривина во провалија, некои 50 метри. Среќа носевме кациги, јас поминав со скршеница на рака и две ребра и мало оштетување на црн дроб. Страшна беше ситуацијата, среќа имав кацига, но удрив на камен, тогаш изгледа ми беше излетана кацигата. Се задржав на две гранки и чекав така четири саати, кога дојде противпожарна и Црвен крст. Синоќа ме оперираа, можеше да биде и полошо, се чувствувам дека нема да можам да мрдам некој период, тоа и најтешко ќе го поднесам, но ќе дадам сè од себе - изјави Стефан од болницата.


Прочитајте повеќе на Женски магазин.

Слично

Поврзани вести