Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи семејството на Авичи

Се огласи семејството на Авичи

По три дена од смртта на Тим Берглинг, познат на светската јавност како диџеј Авичи, се огласи и неговото семејство од Шведска. Во писменото обраќање до јавноста се наведува дека најблиските членови на семејството на Авичи им се благодарни на сите фанови за искажаната љубов и споделената болка во изминатите три дена.

Семејството вели дела е благодарно што фановите на Тим организирале многу јавни настани и собири со цел да му оддадат почит, и да покажат дека ја сакале неговата музика. Тие се заблагодарија и за почитувањето на нивната приватност во текот на деновите. 

Авичи стана еден од најпознатите изведувачи на електронска музика со голем број на хитови и соработки со најпопуларните ѕвезди, но имал големи проблеми со злоупотребата на алкхолот, а во 2016 година најави дека се пензионира од настапите во живо за време на неговата турнеја поради здравствени проблеми.

На 20 април беше пронајден мртов во хотелска соба во Оман, а по извршени две обдукции се тврди дека нема насилство во неговата смрт. 

Слично

Поврзани вести