СЕ ОГЛАСИ РУСИЈА ПО ПРЕДЛОГОТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе прифатат размена на територии?
Русија никогаш нема да зборува за размена на своите територии, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков денеска изјави дека Русија никогаш не разговарала и нема да разговара за прашањето за размена на своите територии.
„Тоа е невозможно. Се разбира, украинските единици ќе бидат протерани од руска територија или уништени“, нагласи Песков.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин и Русија се отворени за мировни преговори, што, како што вели Песков, е конзистентна позиција на Москва.
„Претседателот Путин постојано изјави дека тој и Руската Федерација се отворени за мировни преговори. Позицијата на Русија е апсолутно транспарентна, конзистентна и позната во светот“, изјави Песков.
Тој оцени дека Русија никогаш не претставувала закана за НАТО, но, како што наведе, сојузот со нејзината воена инфраструктура постојано се приближува до границите на земјата.
„Сите знаат за овој процес. Тука нема место за какви било несогласувања. Ова е реалноста со која моравме да се справиме во текот на модерната историја“, рече Песков.
Украина го окупура Курск во Русија од лани. Украинските сили таму упаднаа на 6 август минатата година. Зеленски кажа дека оваа територија ќе ја разменат за окупираните украински територии, но повеќе детали не даде.Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години.
