Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ РУСИЈА: Има ли шанси Украина да добие безбедносни гаранции?

СЕ ОГЛАСИ РУСИЈА: Има ли шанси Украина да добие безбедносни гаранции?

Според портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, прашањето за безбедносните гаранции за Украина е предмет на преговори. Песков кажа дека Русија ги продолжува контактите со САД за прекинот на огнот во Украина, но дека има многу нијанси за кои треба да се разговара.

Но, засега не сака да дава детали на оваа тема. 

„Ова е многу сложена тема и за сето ова, се разбира, ќе се разговара. Досега никој не именуваше конкретни параметри“, рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето какви безбедносни гаранции за Украина би можеле да бидат прифатливи за Кремљ, пренесува РИА Новости.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, вчера кажа дека членството на Украина во НАТО уште е на маса, дека нема да ја намалат армијата како што бара Русија и дека нема да ги признаат окупираните територии. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. Инаку, Украина бара гаранции и сакаат и САД да им ја гарантира безбедноста. 

Слично

Поврзани вести