СЕ ОГЛАСИ МАКРОН ПО НЕМИРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Неверојатно е кого обвини за насилството на улиците (Видео)
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика „сите родители да бидат одговорни“ и рече дека социјалните мрежи играат „значајна улога“ во ширењето на немирите по полициското убиство на тинејџер во предградиЕ на Париз.
- Јасно е дека контекстот во кој живееме, го гледаме, е резултат на понекогаш организирани групи, насилни и опремени, кои ги осудуваме и кои ги апсиме и кои ќе одговараат, но гледаме и многу млади луѓе. Третина од приведените синоќа се млади, понекогаш и многу млади. Одговорност на родителите е да се грижат за нив дома... не е должност на државата да биде замена за родителите – рече Макрон на вториот кризен состанок одржан во петокот во француското Министерство за внатрешни работи.
Макрон укажа на „духот на одговорност“ на големите социјални мрежи, наведувајќи дека насилните собири се организираат преку Snapchat и TikTok и дека овие социјални мрежи доведоа до еден вид копирање на насилство кое влијае на најмладите луѓе да го изгубат чувството за реалност.
„Понекогаш ни се чини дека некои од нив повторно ги преживуваат видео игрите што ги опиваа на улиците“, рече Макрон.
Macron: Computer games were the cause of the riots in France
— Zlatti71 (@djuric_zlatko) July 1, 2023
According to the French president, the rioters are "poisoned by video games" and simply repeat their plots. According to him, the Internet should be subject to stricter censorship. pic.twitter.com/zDuK6PAxLL
Немирите, кои траат четири последователни ноќи, започнаа во вторникот, откако француската полиција во Нантер, западното предградие на Париз, го застрела и уби Наел М. (17), откако тоа утро го запре автомобилот поради сообраќајни прекршоци.
Моментот кога полицаец пука во 17-годишниот Наел е снимен на видео, а погребот на тинејџерот се одржа денеска во Нантер.
