СЕ ОГЛАСИ МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНОТО ДЕТЕ ОД ВРАЊЕ, ПРСТ ВПЕРЕН КОН УЧИТЕЛКАТА - од прво одделение има трауми, ги крева рацете кога ќе му се приближам
Јелена Ѓорѓевиќ, мајка на осумгодишното момче У. Ѓ. кое беше претепано од негови врсници на роденденска забава во игротека во Врање, тврди дека нејзиниот син и претходно трпел врсничко насилство.
Според неа, тој оди во трето одделение во ОУ „Вук Караџиќ“ во Врање и наведува дека токму таму момчето често трпело физичко и вербално насилство.
Ѓорѓевиќ за порталот InfoVranjske.rs тврди дека нејзиниот осумгодишен син од прво одделение има проблеми во класот.
-Од самиот почеток го навредуваа нарекувајќи го со погрдни имиња, а кога едно дете ќе почне да се однесува така, целата група продолжува. Јас сум најмладата мајка од сите родители во тој клас, неколку пати се обидов да разговарам со наставничката, но работата излезе од контрола - изјави Ѓорѓевиќ.
Јелена Ѓорѓевиќ вели дека малолетното момче имало и проблеми со депресија и дека престанал да јаде поради навреди за килограмите.
- Со сопругот отидовме кај училишниот психолог и му објаснивме дека нашето дете има проблем на училиште. Од психологот не добивме повратна информација, а дознавме и дека наставничката не дозволува нашето дете да оди во тоалет - изјави Ѓорѓевиќ.
Од Основното училиште „Вук Караџиќ“ од Врање на 03.11.2022 година преку електронска пошта одговориле на порталот и изјавиле дека до тој момент немале сознанија дека „ученикот У.Ѓ. се здобил со тешки физички повреди при престојот во просториите на училиште или во училишниот двор“.
Што се однесува до насилството од прво одделение во вид на навреди за неговата тежина, имаше еден изолиран инцидент во второ одделение, кој беше разрешен преку индивидуални разговори со ученици, следење на однесувањето на учениците, преку разговор со родители, како и обработка на наставни единици низ кои се провлекува дадениот предмет, се вели во одговорот на училиштето.
Од училиштето додаваат дека „гореспоменатата наставничка немала поплаки од родителите за нејзината воспитно-образовна работа во долгогодишната работа“.
Мајката на осумгодишно момче тврди дека наставничката пред цело одделение го омаловажувала малолетниот ученик под изговор дека „секогаш сака да оди во тоалет“. Според зборовите на мајката, наставничката се бранела со аргумент „како само твоето дете е тепано“.
- Мојот син сега има сериозни трауми и стравови, постојано крева раце кога му приоѓам како да се брани од нешто. Но, сето тоа кулминираше на почетокот на оваа недела кога тој се врати од училиште целосно црвен, за што сведочат и фотографиите. Се разбира, наставничката не ни извести за тоа - рече Ѓорѓевиќ
Ѓорѓевиќ тврди дека нејзиниот син, ученик во ОУ „Вук Караџиќ“ се здобил со повреди на вратот пред тоалетот во тоа основно училиште.
- Случајот го пријавивме во МВР и во Министерството за образование - заклучи Јелена Ѓорѓевќ.
Претходно денеска пристигна вознемирувачка вест дека споменатото момче претрпело насилство од врсници во игротека Врање за време на неговата роденденска прослава, а целиот инцидент бил снимен од камери. Според лекарскиот извештај, инцидентот се случил на 31 октомври.
Фото: Инстаграм
