СЕ ОГЛАСИ ЛУКАШЕНКО: Бара на маса да се стави крај на војната во Украина
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека треба да се седне на маса и да се заврши војната во Украина, пренесува украинската новинска агенција РБЦ.
„Ајде да седнеме на преговарачка маса и да ја завршиме оваа борба. Ниту на украинскиот народ, ниту на Русите, ниту на Белорусите не им треба. Не можам да цитирам некои изјави, а за нив зборуваат високи луѓе. Тие сакаат сите да умрат во овој котел на војна“, рече Лукашенко. Белорускиот претседател вели дека „поединци со американско потекло“ сакаат продолжување на војната во Украина. „За ова зборуваат високо-позиционирани луѓе. Тие се со американско потекло. Дали е ова нормално? Сакаат да се уништиме еден со друг“, рече Лукашенко. Како што информираа претходно, заробиле над 100 руски војници. Русија на 24 февруари 2022 година ја нападна Украина од белоруска територија.
