Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ЛЕ ПЕН ПО ОДЛУКАТА НА МАКРОН - еве што кажа лидерката на француската крајна десница за распуштањето на Собранието

СЕ ОГЛАСИ ЛЕ ПЕН ПО ОДЛУКАТА НА МАКРОН - еве што кажа лидерката на француската крајна десница за распуштањето на Собранието

По бурната и брза одлука на францускиот претседател Емануел Макрон, да го распушти Собранието и да распише предвремени избори се огласи и лидерката на опозицијата. 

Лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен ја поздрави одлуката на Емануел Макрон да распише предвремени избори.

Да потсетиме, францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание и најави предвремени избори по поразот кој го доживеа на вчерашните избори за европски пратеници.

Изборите ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.

Оваа одлука уследи по поразот на неговата партија на изборите за Европскиот парламент.

Екстремно десничарската партија Марин Ле Пен победи на изборите.


Партијата „Преродба“ на францускиот претседател Емануел Макрон претрпе тежок пораз на европски избори од екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен.

Нејзината партија освои околу 32 отсто од гласовите, што е зголемување за 10 отсто во споредба со последните избори за Европскиот парламент во 2019 година, што ја става како фаворит на претседателските избори во 2027 година.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести