Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи Лавров за Сирија, на потег е Макрон

Се огласи Лавров за Сирија, на потег е Макрон

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров се огласи за нападите на Сирија. 

Тој вели дека Западот не ги оправдува ударите врз Сирија со ништо друго освен со информации земени од медиумите и социјалните мрежи. 

„Покрај написите во медиумите и социјалните мрежи, доволно смешно за експертите е што тврдењата не се поткрепени со ништо повеќе.  За време на разговорот, нашиот претседател замолил тие докази да бидат споделени. Макрон му одговорил дека се работи за информации од таен карактер“- додаде Лавров.

Тој прстот го впери кон францускиот претседател Емануел Макрон. 

Во меѓувреме британската Влада ги објави своите правни аргументи врз основа на кои го засновала учеството во ракетниот напад врз Сирија, јави новинската агенција ДПА. Велат дека интервенцијата била насочена исклучиво со цел да се избегне хуманитарна катастрофа. 

Слично

Поврзани вести