СЕ ОГЛАСИ ЕРДОГАН - да не се објавуваат набрзина резултати, останете на гласачките кутии до конечното пребројување
Во првите јавни коментари по затворањето на гласачките места, Ердоган ги коментираше изјавите од спротивниот штаб дека ќе победат.
Ердоган им се заблагодари на турските гласачи за нивното учество на изборите и ги повика функционерите на неговата партија да не ги напуштаат гласачките кутии до конечното пребројување.
„Фактот дека изборите на 14 мај се одржаа во форма на голем празник на демократијата со мир и спокојство е израз на демократската зрелост на нашата Турција.
Додека изборите поминаа во таква позитивна и демократска атмосфера и се уште трае пребројувањето на гласовите, обидот да се објават набрзина резултати значи узурпација на националната волја.
Задоволни сме што наклонетоста на нашата нација се рефлектира во тековното пребројување на гласовите.
Ги замолувам сите мои пријатели и колеги да останат на гласачките кутии, без разлика на се, до официјалното финализирање на резултатите.
Им честитам на сите мои граѓани кои гласаа во име на демократијата и учествуваа во изборната работа и изразувам благодарност до секој од нив“, напиша на Твитер Ердоган.
14 Mayıs seçimlerinin uhulet ve suhulet ile büyük bir demokrasi şöleni şeklinde gerçekleşmesi, Türkiye’mizin sahip olduğu demokratik olgunluğun ifadesidir.…
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) May 14, 2023
Фото: ЕПА
