Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОГЛАСИ ДИРЕКТОРОТ НА ФАЈЗЕР: Две дози од вакцината делумно штитат од омикрон, но третата пружа подобра заштита

СЕ ОГЛАСИ ДИРЕКТОРОТ НА ФАЈЗЕР: Две дози од вакцината делумно штитат од омикрон, но третата пружа подобра заштита

Прелиминарните лабораториски тестови покажаа дека две дози од вакцината против Ковид-19 на Фајзер можеби нема да обезбедат доволна заштита од варијантата омикрон, но дека три дози можат да ја неутрализираат, се вели во денешното соопштение на Фајзер и Бионтек.

„Кај оние кои примија две дози вакцина против Ковид-19, забележавме 25 пати помала способност за неутрализирање на омикронската варијанта во споредба со претходните соеви, што сугерира дека две дози на BNT162b2 можеби не се доволни за заштита од инфекција со оваа нова варијанта“, велат од компаниите, додавајќи дека двете дози сепак обезбедуваат заштита од посериозни болести.

„Иако две дози од вакцината сè уште можат да обезбедат заштита од потешки симптоми на инфекција со омикрон, податоците покажуваат дека третата доза од вакцината обезбедува најдобра заштита“, рече претседателот и извршен директор на Фајзер, Алберт Бурла, цитиран од CNN.

„Најдобар начин против ширење на Ковид-19 е да се вакцинираат што повеќе луѓе со првите две дози, а потоа со третата“, додаде тој.

Експерти од Јужна Африка вчера објавија студија која покажува дека вакцината Фајзер нуди делумна заштита од инфекција со варијантата омикрон. Податоците од нивната студија покажуваат дека оние кои претходно биле заразени, а потоа вакцинирани се веројатно подобро заштитени, што треба да важи и за примање бустер или трета доза.

„Засилената доза на вакцината ќе обезбеди дополнителна заштита. Мислам дека третата доза обезбедува добра заштита, особено од посериозни болести“, рече Алекс Сигал од Африканскиот здравствен институт за истражување во Јужна Африка.

Фајзер и Бионтек додаваат дека, доколку е потребно, можат да испорачаат вакцина приспособена исклучиво на варијантата омикрон до март 2022 година.

„Ќе развиеме вакцина прилагодена на варијантата омикрон и се надеваме дека ќе биде достапна до март во случај да биде потребна адаптација“.

Извор: Индекс.хр

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести