СЕ ОДРЖУВА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ: Во градот снема струја
Во делови од јужна Франција нема струја.
Околу 160.000 домови во Кан и во соседните општини од утрово немаат електрична енергија, откако синоќа изби пожар во електричната централа. Француската полиција се сомнева дека пожарот е подметнат.
„Се претпоставува дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, но не постои поврзаност на инцидентот со одржувањето на Меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Кан“, велат од полицијата.
На Канскиот фестивал за вечерва е предвидено доделување на наградите. Фестивалската палата има сопствено напојување со електрична енергија поради што фестивалската програма ќе продолжи, но нема да има проекции на филмови затоа што кината се надвор центарот на Кан.
Фестивалот во Кан важи за најважен филмски фестивал во светот, заедно со фестивалот во Венеција.
foto Wikipedia/Spike
