Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОДНЕСУВАЛ ЧУДНО - Мажот најверојатно намерно ги газел патниците на аеродром

СЕ ОДНЕСУВАЛ ЧУДНО - Мажот најверојатно намерно ги газел патниците на аеродром

Денеска се случи страшен инцидент пред аеродромот во Келн Бон во Германија.

Маж со изнајмен автомобил влетал на паркинг и удрил во неколку пешаци и автомобили. Полицијата соопшти дека тој се однесувал сомнително.

Инцидентот се случил на паркингот на аеродромот Келн Бон во Германија. Соопштено е дека се повредени околу 6 лица, а не е познат бројот на оштетените возила. 

Портпаролот на полицијата изјави дека има индиции дека мажот има проблеми со менталното здравје.

„Се чини дека тој намерно удрил во неколку автомобили и пешаци пред него“, рече портпаролот.

Полицијата соопшти дека 57-годишникот повредил и двајца полицајци додека давал отпор при апсењето. Потоа бил префрлен во болница во Келн каде му била извршена психолошка анализа пред да биде однесен во психијатриска болница.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести