Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТРАНЦИТЕ: Путин издаде забрана за Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТРАНЦИТЕ: Путин издаде забрана за Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

Во окупираните украински региони, странците нема да можат да регистрираат имот. 

Ова со декрет го забрани рускиот претседател Владимир Путин. Тој забрани регистрација на имот за странци во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. 

Путин потпиша декрет со кој им забранува на граѓаните на непријателските земји да регистрираат недвижен имот во, како што е наведено во декретот, руските региони без посебна дозвола.

„До 1 јануари 2028 година е забрането да се врши државна регистрација на правата на граѓаните на непријателски странски земји на недвижен имот лоциран на териториите на Народна Република Доњецк, Народна Република Луганск, Запорожје и област Херсон без посебна дозвола за нејзино спроведување“, се наведува во документот што го објави Интерфакс.

Исклучок од оваа забрана се странците кои служат со договор во вооружените сили на Русија или воените формации, оние кои се отпуштени од таа служба, како и нивните сопружници, родители и деца, според декретот. Но, Русија не ги контролира целосно овие четири региони. Кога почна војната во Украина, Русија бараше противникот да ја признае независноста на Доњецк и Луганск. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести