Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОДМАЗДУВААТ ЗА НАПАДОТ ВО ГАЗА: Хутите признаа дека лансирале ракети и дронови кон Израел

СЕ ОДМАЗДУВААТ ЗА НАПАДОТ ВО ГАЗА: Хутите признаа дека лансирале ракети и дронови кон Израел

Хутите лансирале дронови и ракети кон Израел за да му се одмаздат за војната која ја води против палестинската милитантна група Хамас. 

Јеменските Хути, поддржани од Иран денеска соопштија дека лансирале „голем број“ балистички ракети и дронови кон Израел.

„Ројтерс“ пишува дека воениот портпарол на групата, Јахја Сари, изјавил дека оваа операција е трета на која цел ѝ е Израел и дека ќе има уште повеќе.

АФП објави дека високиот ирански дипломат Хосеин Амир-Абдолахиан, додека бил во Катар, кажал дека е „природно“ групите поддржани од Техеран да го напаѓаат Израел во светло на неговата војна против Хамас. Кажал дека може да има пошироко прелевање доколку не се постигне прекин на огнот.
На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел. Тие масакрираа цивили, но и киднапираа многу странци кои присуствувале на музички фестивал. Убија странци и израелски државјани. Израел не планира да го прекине огнот во Појасот Газа. Илјадници жртви има во Појасот Газа. 

Слично

Поврзани вести