Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одбележува Денот на Планетата Земја

Се одбележува Денот на Планетата Земја
На 22 Април - Светскиот ден на Планетата Земја, Обединетите нации секоја година се обидуваат да го поттикнат создавањето на здрава животна средина преку раззеленување на населените места. Половина од светското население денес живее во урбани градски средини, кои мора да еволуираат под влијание на климатските промени. Затоа светската организација очекува иницијативата „Зелени градови“ која ќе се спроведува во следните две години, да прерасне во глобално движење. Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот. За првпат Светскиот ден на Планетата земја беше одбележан во 1970 година во САД со демонстрација против загадувањето и токсичниот отпад.
Слично

Поврзани вести