Се очекува пад на светската побарувачка на нафта
Погодена од ураганот Сенди и од рецесијата во повеќе европски земји, светската побарувачка на нафта треба и понатаму да паѓа, во однос на прогнозите од 2012 година, соопшти Меѓународната агенција за енергетика. Во својот тромесечен извештај за светскиот пазар на нафта, Агенцијата наведува дека глобалната побарувачка на нафта ќе порасне за 670.000 барели на ден во 2012 година, на 89,6 милиони барели на ден, што во однос на минатомесечните прогнози е помалку за 60.000 барели.
Слично
