СЕ ОЧЕКУВА ЦУНАМИ: Многу силен земјотрес ја затресе оваа земја
Земјотрес од 7,4 степени ја погоди Русија, a издадено е и предупредување за цунами.
Потрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка, на истокот на Русија. Како што јавија локалните медиуми, издадено е предупредување за цунами.
Најблиско населено место до епицентарот е селото Николскоје. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Потресот се случил на длабочина од 33 километри во Берингово Море, со епицентар на 80 километри источно од брегот на Камчатка.
На 300 км од епицентарот можно е да има бранови, стои во предупредувањето за цунами.
Слично
