Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОБРАТИ НОВИОТ ПАПА: Бог ќе ни помогне да градиме мостови, со дијалог и соработка

СЕ ОБРАТИ НОВИОТ ПАПА: Бог ќе ни помогне да градиме мостови, со дијалог и соработка

На верниците им се обрати новиот Папа,  Роберт Франциск Превост, кој го избрал името Лав XIV.

Тој е избран во четвртиот круг од конклавата.

„Драги браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос, добриот пастир кој го даде својот живот за Бога, и би сакал овој поздрав на мирот да влезе во нашите срца и во срцата на сите луѓе низ целиот свет“, рече тој.

Потоа им се заблагодари на кардиналите кои го избраа. 

„Ова е мирот на воскреснатиот Христос, смирен и упорен, кој доаѓа од Бога, кој нè сака безусловно. Да го држиме во ушите слабиот глас на папата Франциск, кој го благословува Рим. Папата кој го благослови Рим, му даде благослов на целиот свет тоа велигденско утро. Дозволете ми да го надополнам тој благослов. Бог нè сака, нè сака сите нас и злото нема да надвладее. Ние сме во рацете Божји, без страв. Затоа, обединети, заедно со Бога и меѓу себе, да продолжиме напред. Ние сме ученици на Христос и тој оди пред нас. На светот му е потребна неговата светлина, на човештвото му е потребен тој, како мост кон Бога и неговата љубов. Тој ќе ни помогне да градиме мостови, со дијалог и соработка, за да можеме да бидеме еден заеднички народ, кој ќе живее во мир засекогаш“, додаде новиот Папа. 

Поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал надвор од САД, претежно во Перу, каде што бил пастор, професор, просветен работник и епископ. Ова го прави еден од ретките американски кардинали со длабоко искуство во Латинска Америка.

foto AP

Слично

Поврзани вести