Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се облекуваат како машки за да ја избегнат „полицијата за морал“

Се облекуваат како машки за да ја избегнат „полицијата за морал“

Жените во Иран за да ја избегнат „полицијата за морал“, ја кратат косата и се облекуваат како машки.

Оваа полиција строго ги казнува жените кои не носат хиџаб. Голем број жени во знак на револт, објавија на Инстаграм свои фотографии без хиџаб.

Хиџабот стана спорно прашање и се повеќе жени се бунат и прават кампањи против законот кој ги принудува да го носат, но и други репресивни мерки.

Во последните месеци забележани се снимки со жени кои со непокриени глави се шетаат во Техеран.

Активистки ги повикаа жените туристки да одбијат да стават марама при посета на нивната земја.

Одговорот на властите беше строг. Осум манекенки се притворени заради тоа што главите не им беа покриени.

Слично

Поврзани вести