Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ ВРАТИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Израелците фатија командос на Хамас

СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ ВРАТИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Израелците фатија командос на Хамас

Командос на Хамас е заробен во Израел 15 дена по нападот. 

Израелските сили заробија припадник на единицата командоси на Хамас кој се обидувал да се врати во Појасот Газа.

Израелските медиуми денеска јавуваат дека го фатиле вчера и дека по нападот од 7 октомври уште има екстремисти од таа исламска организација во земјата.

Деновиве цел на нападите беа високи згради кои наводно ги користи Хамас како снајперски позиции.

Повеќе од 4.385 луѓе, главно цивили, загинаа во Појасот Газа, а над 1.400, исто така во најголем дел цивили, загинаа во Израел.

Се смета дека Хамас држи над 200 заложници во Појасот Газа. Меѓународната заедница стравува, војната меѓу Хамас и Израел да не се прелее надвор од границите, како и од се посилното учество на проиранскиот Хезболах. 

Израел е подготвен за копнената офанзива во Појасот Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа на евакуација. Ноќеска при бомбардирањата загинале 55 цивили, тврди Хамас. 

Слично

Поврзани вести