Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се обидел да испие 21 коктел во хотелски бар и починал

Се обидел да испие 21 коктел во хотелски бар и починал

Британец починал на одмор, oткако се обидел да испие 21 коктел во хотелски бар. 

Маж од Британија (53) починал на одмор во Јамајка откако се обидел да ги испие сите 21 коктел од менито во барот. Извесен Тимоти Саутерн почина во мај минатата година, откако го прифати предизвикот да пие алкохол во хотелски бар покрај базен. Човекот бил на одмор со својата сестра, децата и другите роднини кога се случила трагедијата.

Тимоти Саутерн, од Личфилд, Стафордшир, испил 12 коктели кога отишол во својата соба.

„Беше на грб и се гушеше. Го ставив во положба за опоравување, повраќаше, барав помош, викав…“, вели негов роднина.

Кога пристигнала медицинската сестра, очекувале да се грижат за пациентот и да го однесат во болница, но тоа не се случило.

„Забележав дека почна да се лади. Му го проверив пулсот и не можев да го најдам. Го погледнав во лицето и помислив дека починал. Викав: не седи само да го гледаш, почни со реанимација“, рекол роднината.

Вели дека е направена само компресија на градниот кош.

Истрагата утврдила дека Тимоти веќе пиел ракија и пиво наутро кога се сретнал со две Канаѓанки кои се обидувале да извршат предизвик од 21 коктел пред полноќ за да прослават еден од нивните родендени.

Патолог од Кингстон, Јамајка, ја навел причината за смртта како „акутен гастроентеритис поради консумирање алкохол“.

По неговата смрт, семејството собрало скоро 10.000 фунти на GoFundMe за да го вратат во Англија откако дознале дека патничкото осигурување што мислеле дека го има преку неговата банка всушност не ги покрива трошоците.

Слично

Поврзани вести