Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се обиде да избега од Саудиска Арабија, но не успеа

Се обиде да избега од Саудиска Арабија, но не успеа

Девојка која побегна од Саудиска Арабија и сакаше да побара азил во Австралија насилно е грабната и вратена во земјата. 

Дина Али Ласлум, тогаш 24-годишна, не е сослушана затоа што филипинските органи ја запреа и нејзиниот пасош и документите се запленети во текот на транзитот од аеродромот во Манила на пат за Австралија во април 2017 година.

Таа бараше помош преку социјалните мрежи, но на крајот, вујковците, и покрај нејзиното врескање и опирање, ја присилија да се врати во авионот. 

Саудиската амбасада во Манила тогаш даде изјава, нарекувајќи го случајот семејна работа и соопштија дека Дина Али се вратила со роднините во својата татковина.

Истражувачот на Хјуман Рајтс Војч за Блискиот Исток, Адам Кугл, вели дека таа е одведена  во засолниште за жени во Ријад, каде е држена некое време. Таа е една од многуте саудиски девојки кои се обиделе да побегнат од земјата заради подобар живот, но не успеале.

Неодамна млада девојка од Саудиска Арабија, избега и доби азил во Канада каде е среќна и може да ужива во работите кои претходно за неа биле забранети. 

Слично

Поврзани вести