Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се навршија пет месеци од почетокот на инвазијата, Зеленски вели дека војната не ја скрши Украина

Се навршија пет месеци од почетокот на инвазијата, Зеленски вели дека војната не ја скрши Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм денеска напиша дека ќе го заштитат она што е нивно.

Се навршија пет месеци откако Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари.

„Ќе победиме. Војната не ја скрши Украина и нема да ја скрши“, додаде тој.

Зеленски ги повтори повиците до меѓународната заедница да го обезбеди оружјето што ѝ е потребно на Украина за да го одбие рускиот напад и да ја ослободи украинската територија што е окупирана од Москва. Зеленски истакна дека војната во последните пет месеци е продолжение на првичниот напад на Русија врз неговата земја пред осум години, кога Москва го анектираше украинскиот црноморски регион Крим и поттикна сепаратистички конфликт во делови од источна Украина.

Последна на удар беше Одеса, а Русија се правда дека уништила оружје. 

Досега има илјадници убиени, и милиони раселени. Украинските власти соопштија дека бројка за тоа колку жртви има ќе објават по завршување на војната. 

Слично

Поврзани вести