Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се множат самоубиствата во САД

Се множат самоубиствата во САД
Зголемен е бројот на самоубиства во САД од почетокот на економската криза. Политичките лидери треба да направат повеќе за да го заштитат душевното здравје на Американците во овие тешки времиња за нив, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на писмо на американски, британски и научници од Хонг Конг, објавено во научното списание „Лансет“.

Научниците своите наводи ги темелат на податоци за самоубиствата во САД, добиени од центрите за контрола и превенција на заболувањата. Податоците покажуваат дека во периодот од 1999 до 2007 година самоубиствата бавно се зголемувале, но во периодот 2008 - 2010 година темпото е зголемено за четири пати.

Арон Ривс, британски научник кој го раководел истражувањето, подвлекува дека во предизборната кампања и Барак Обама и Мит Ромни зборуваа како планираат најбрзо да ја стимулираат економијата, но пропуштија да кажат како ќе го зачуваат здравјето на Американците во овие тешки времиња. Слично зголемување на бројот на самоубиства е констатирано и во Грција, Шпанија и Велика Британија, како и во други земји што западнаа во рецесија, а кои во последно време регистрираат висока невработеност.
Слично

Поврзани вести