Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се менува картата на Европа: Секој четврти жител на Германија е мигрант

Се менува картата на Европа: Секој четврти жител на Германија е мигрант

Во Германија има околу 20 милиони мигранти што е раст за 4,4 отсто. Ова се последните податоци од германскиот статистички завод, а половината од нив веќе имаат и германски пасош.

Речиси секој четврти жител на Германија не е роден таму или пак родителите му се родум во странство.  Според деталниот преглед на старосните групи, во Германија има 5, 8 милиони жители без мигрантно потекло на возраст од 50 до 54 години, додека пак во однос на оваа старосна граница, секој десетти жител е мигрант.

Кај младите ситуацијата е поинаква, односно тие се застапени 38 отсто.  Од нив 51 отсто имаат германски пасош и двојно државјанство, а останатите се странци.  Во 2011 година овој процент беше 42 отсто.

Статистиката се прави на годишно ниво, па според неа 2.5 милиони луѓе претежно зборуваат странски јазици и тоа турски, арапски, полски и руски.

Слично

Поврзани вести