Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се менува економската политика на ЕУ- можно намалување на каматната стапка

Се менува економската политика на ЕУ- можно намалување на каматната стапка
Рекордната невработеност и рецесијата во повеќето земји од ЕУ ќе ја присили Европската централна банка да ги намали каматните стапки. Инаку  членките на еврозоната и на целата Унија ќе мора радикално да ја променат сегашната политика на штедење. Се очекува на ЕЦБ на состанокот за оперативно работење што ќе се одржи на  2 мај да ја намали сегашната ниска основната стапка од 0,75 проценти на 0,50 проценти. Според германските медиуми, прв знак за воведување на новата економска политика во еврозоната ќе биде одлуката на ЕЦБ да ја намали сегашната основна каматна стапка од 0,75 проценти на 0,50 проценти, пренесуваат странските медиуми. Очекуваното олабавување на основната каматна стапка на ЕЦБ ќе следи, по објавувањето на податоците за рекордната невработеност во Шпанија и Франција, падот на приходите на водечките европски компании во првиот квартал и се поголемото социјално незадоволство во повеќето земји на ЕУ. Податоците на стратистичката служба на ЕУ – Еуростат, за февруари оваа година покажуваат дека во тој месец нивото на невработеност во двете најзагрозени членки на Унијата – Грција и Шпанија, ќе надмине 26 проценти, што е драстично над нивото кое беше забележано пред појавата на тековната должничка криза. Од 27 членки на ЕУ, двоцифрена стапка на невработеност е забележана во 15 земји, а во групата од 12 држави, кои имаат помал број на лица без работа, уште неколку се приближуваат кон критичното ниво.    
Слично

Поврзани вести