Се крои планот за спас на кипарската економија
Меѓународната кредиторска тројка( ММФ, Светска Банка и ЕК) утре треба да допатува во Кипар со цел са го скрои планот за спас на кипарската економија. Ова беше најавено и од страна на Министерот за финансии, Васос Сиарлис кој изрази надеж за решавање на отворените прашања и потпишување договор пред следната седница на еврогрупата на 12 ноември.
Во меѓувреме кредиторите побараа Владата за 15% да ги намали платите на државните, да ја намали социјалната помош за 10% и да го поскапи ДДВ-то. Финансиска помош која ќе биде неипходна за Кипар да излезе од кризата може да достигне и до 10 милијарди евра.
Слично
