Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Се кријам на првиот кат. Мислам дека ги убија сите. Јавете во полиција!“

„Се кријам на првиот кат. Мислам дека ги убија сите. Јавете во полиција!“
Браќата Саид и Шериф Куаши, кои беа ликвидирани од стрна на француските сили на редот во печатница во Дамартен – ан – Гоел, изгледа дека не знаеле оти имаат заложници, наведуваат француските медиуми. Француски „Фигаро“ пренесува дека мажот за кој се веруваше дека е нивен заложник и кој беше жив и здрав спасен од печатницата по акцијата на француските сили, бил сокриен во една од просториите на претпријатието откако браќата Куаши утринава ја зазеле зградата. Новинар на „Фигаро“ од лице место јавува дека напаѓачите не знаеле дека Лилијан (27) се крие во тој објект. Семејството на Лилијан залудно се обидувало да стапи во контакт со него од девет до единаесет часот, а неговиот татко на крај добил порака со текст: „Се кријам на првиот кат. Мислам дека ги убија сите. Јавете во полиција!“
Слично

Поврзани вести