СЕ КАЧИЈА ВО ПОЛСКА, ЌЕ СТИГНАТ ВО УКРАИНА: Макрон, Шолц и Драги заедно со воз за Киев (ФОТО)
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги заедно се качија во специјален воз за Киев, објавија утринава германските и италијанските медиуми.
Тројцата лидери се качија на специјален воз во Полска и се очекуваат во текот на утрото во Киев, соопштија германскиот ZDF и италијанскиот весник La Repubblica, кои објавија нивна фотографија.
Од почетокот на руската агресија на 24 февруари, многу лидери отпатуваа во Киев за да покажат солидарност со Украина.
Шолц, сепак, рече дека ќе отпатува за Киев само доколку таквата посета има одредена цел.
Украина се надева дека ќе добие статус на кандидат за ЕУ на самитот на блокот на 23-ти и 24-ти јуни, непосредно пред самитот на Г7 што ќе се одржи во замокот Елмау на Баварските Алпи од 26-ти до 28-ми јуни.
Во 2022 година, Германија ќе претседава со Г7, група од најиндустриски развиените земји во светот.
Ниту еден од тројцата европски лидери не го посетил Киев од почетокот на руската инвазија.
Францускиот претседател се обидува да одржи дијалог со рускиот претседател Владимир Путин од избивањето на војната, но неговиот став беше критикуван од источноевропските и балтичките партнери, кои велат дека тоа ги намалува напорите да се принуди Путин на мировни преговори.
ФОТО: SCREENSHOT INSTAGRAM/ rmc_off
