Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЈАВИЈА ДВЕ ЗЕМЈИ: Ќе го отплатат долгот на Сирија

СЕ ЈАВИЈА ДВЕ ЗЕМЈИ: Ќе го отплатат долгот на Сирија

Саудиска Арабија и Катар ќе го отплатат долгот на Сирија кон Светската банка.

Тие денеска соопштија дека ќе го отплатат долгот што изнесува околу 15 милиони долари. Велат дека оваа обврска ќе го отвори патот за продолжување на поддршката и операциите на Светската банка во Сирија, по прекин од повеќе од 14 години. Најавата за отплата на долгот следи неколку дена откако гувернерот на сириската Централна банка и сирискиот министер за финансии учествуваа на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка. 

„Тоа ќе ѝ обезбеди на Сирија и пристап до краткорочна финансиска поддршка за развој на критичните сектори“, се наведува во заедничкото соопштението.

Светската банка ја прекина соработката со Сирија на почетокот на конфликтот. Сириските власти се надеваат дека богатите држави од Персиски Залив ќе помогнат во обнова на земјата.

Слично

Поврзани вести