Се јави земја која сака да учествува во деминирање на Ормускиот теснец
За деминирање на Ормускиот теснец се спрема Турција.
Државата би можела да учествува во операциите за расчистување на мини во Ормускиот теснец по евентуалниот мировен договор меѓу Иран и САД. Ова го изјави денеска министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Тој рече дека се очекува да се формира технички тим за отстранување на мини од Ормутскиот теснец по евентуалниот договор меѓу Иран и САД.
Турција во принцип гледа позитивно на ваквите активности, како хуманитарна обврска, објави Ројтерс.
Фидан изјави дека операциите за деминирање ќе ги спроведува технички тим составен од претставници на неколку земји, кој би бил формиран по евентуалниот договор меѓу Иран и САД. Тој додаде дека Турција „нема да има проблем“ да учествува во такви операции под тие услови, но предупреди дека Анкара би можела да го преиспита својот став доколку идната техничка коалиција стане дел од евентуален нов конфликт.
Фидан оцени дека прашањата поврзани со нуклеарната програма на Иран би можеле да се решат во следната рунда преговори во Пакистан, пренесува Политика.
Од 28 февруари годинава, САД и Израел се во војна со Иран.foto printskrin youtube
Слично
