Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се јави уште една држава - ќе ја признае Палестина

Се јави уште една држава - ќе ја признае Палестина

И Малта ќе ја признае државата Палестина. 

Малта официјално го информираше палестинскиот претседател Махмуд Абас за одлуката за признавање на државата Палестина за време на конференција на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Постојаниот секретар во Министерството за надворешни работи на Малта, Кристофер Кутахар, му го предаде официјалното писмо на премиерот Роберт Абела на палестинскиот амбасадор во Малта, Фади Хананија, во кое се потврдува одлуката на неговата земја да ја признае Палестина, објави Вафа.

Абела ја повтори „цврстата поддршка“ на Малта за правата и аспирациите на палестинскиот народ и потврди дека ќе го формализира признавањето на палестинската државност за време на 80-тата сесија на Генералното собрание на ОН.

Повеќе западни земји најавија дека ќе ја признаат Палестина. Откако Франција прва го најави тоа, имаше бурни реакции во Израел, но и во САД. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести