СЕ ЈАВИ ТРАМП: Вели нападот нема да го одврати од војната во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп по инцидентот со пукање на синоќешната вечера со дописниците во Вашингтон изјави дека тоа нема да го одврати од војната во Иран, иако претпоставува дека пукањето не е поврзано со конфликтот.
„Тоа нема да ме спречи да победам во војната во Иран. Не знам дали пукањето имало некаква врска со тоа, но врз основа на она што го знаеме досега, навистина не мислам така“, рече Трамп.
Трамп претходно кажа дека „никогаш не се знае“ дали нападот е поврзан со конфликтот во Иран. Тој нагласи дека истражителите сè уште ги утврдуваат мотивите на напаѓачот, кого го опиша како „осамен волк“.
Напаѓачот е идентификуван како 31-годишен маж Кол Томас Ален од предградие на Лос Анџелес.
По инцидентот тој е под полициски надзор во болница каде му се пружа лекарска помош.
Главниот обвинител Тод Бланш изјави дека формалните обвиненија против напаѓачот ќе бидат поднесени „многу наскоро“.
Агентот кој го запрел напаѓачот завршил во болница. Тој бил погоден во панцирот и е болница.
Медиумите објавија детали за напаѓачот.foto printskrin youtube
