Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЈАВИ ТРАМП: Издржете, Америка повторно ќе ја направиме голема

СЕ ЈАВИ ТРАМП: Издржете, Америка повторно ќе ја направиме голема

Издржете, нема да биде лесно, но крајниот резултат ќе биде историски, напиша американскиот претседател Доналд Трамп откако многу земји реагираат поради царините кои тој ги воведе. 

„Америка повторно ќе ја направиме голема“, вели тој.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави пораки и слики на социјалните мрежи кои го покажуваат остриот пад на американските берзи, обвинувајќи ги САД за „уништување на меѓународната трговска стабилност“. Во порака до домашната и светската јавност, Кина јасно стави до знаење дека ја смета американската царинска политика за штетна и агресивна.

Во неколку европски градови денеска се одржаа протести против американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот соработник, милијардерот Илон Маск, откако САД воведоа реципрочни царини на глобално ниво на почетокот на неделата.

Слично

Поврзани вести