Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЈАВИ СРПСКОТО МНР: Што велат за Милош Биковиќ и неговата поддршка за Русија?

СЕ ЈАВИ СРПСКОТО МНР: Што велат за Милош Биковиќ и неговата поддршка за Русија?

Српското Министерство за надворешни работи (МНР), вели дека актерот Милош Биковиќ не поддржува геноцид, а тврдењата на Украина се неосновани. 

Српското МНР ги оцени како целосно неосновани обвинувањата на Министерството за надворешни работи на Украина. Украинските власти го нарекоа Милош Биковиќ „лице кое поддржува геноцид и го крши меѓународното право“. 

Во соопштението се наведува дека Србија има долга традиција на културно творештво, и дека е многу горда на уставно загарантираното право на слободно научно и уметничко творештво.

„Ве потсетуваме дека министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на Денот на српската дипломатија во 2019 година на Милош Биковиќ му врачи повелба за неговиот исклучителен личен придонес за промоција на Србија и нејзиното богато културно творештво во светот“, стои во соопштението.

Додаваат дека Биковиќ има и меѓународна кариера. 

Украинското Министерство за надворешни работи реагираше на веста дека српскиот актер Биковиќ ќе глуми во третата сезона на серијата „Белиот лотос“ на HBO и ја праша компанијата HBO дали е во ред да соработуваат со „лице кое поддржува геноцид и крши Меѓународен закон.”

фото Инстаграм

Слично

Поврзани вести