СЕ ЈАВИ СИРСКИ: Објасни колкава територија држат во Курск
Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск.
Украинските власти денеска соопштија дека контролираат 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.
„Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација …, која зафаќа околу 500 квадратни километри“, напиша на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.
Ова тврдење не е независно потврдено. Украина планира да направи размена на територии, но Русија ја отфрли таа можност.
Шефицата за дипломатија на ЕУ, Каја Калас, вели дека не е „добра тактика“ да се попушти пред руските барања пред да почнат преговорите за мировниот договор.
Калас вели дека Европа и Украина треба да бидат вклучени во какви било мировни преговори за да успее договорот и дека Украина ќе продолжи да ја добива нивната поддршка дури и ако го отфрли договорот постигнат меѓу Русија и САД, пренесува Ројтерс.
Франција се изјасни дека на Русија не треба да се даваат многу отстапки. Војната почна пред скоро три години.
